Синоќа околу 20 часот на крстосница од бул. Никола Карев и ул. 362, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т од Скопје, а управувано од засега непознато машко лице, удрило во Л.А. (13) од Скопје.

Возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

По незгодата, Л.А. се упатил во неговиот дом, а потоа негов роднина го однел во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди, а по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

За сообраќајната незгода известен е Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.