Синоќа околу 22 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, патничко возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С. (51) од Гостивар, удрило во Н.Н. (65) од Гостивар.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.Н. и била пренесена во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.