Синоќа околу 23 часот на бул. „Крсте Мисирков“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ удрило во пешакот Ѓ.З. (59) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.З. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Извршен бил увид и се работи на пронаоѓање на возачот и на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.