Синоќа околу 21 часот во с. Обрашани, прилепско, патничко возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Б. (51) од с. Пашино Рувци, прилепско, удрило во пешакот П.Ш. (53) од с. Обрашани.

Со тешки телесни повреди се здобил П.Ш. и му била укажана помош во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.