Ноќеска околу 02 часот на бул. „Словенија“ во Скопје, Д.Н. (52) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Н. и сопатниците М.Д. (48) од Скопје и Н.С. (33) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Љ.Д. (46) од Скопје.

Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.