Вчера околу пладне на локалниот пат за с. Калиште, гостиварско, патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ. (20) од с. Калиште, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Г., а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници А.К и А.Р. кои биле пренесени во Ургентниот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.