Момче на 22-годишна возраст е тешко повредено откако со автомобил марка „голф“ излетал од патот Гостивар-Тетово.

На 08.12.2021 во 12.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучка „Жеровјане“, патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(22) од с.Доброште, излетало надвор од коловозот – информираат од МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.