Вчера околу 18 часот во Полициска станица Струга пријавено било дека во водите на Охридското Езеро, кај месноста викана „Машка плажа“, од глисер управуван од Б.Л. (43) од с.Франгово, струшко повреден е С.Ч. (60) од Струга.

Истиот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.