Вчера околу 13 часот, на локалниот пат с. Падалиште – Гостивар, се случила сообраќајна незгода во која А.Б. (21) од с. Падалиште, управувајќи патничко моторно возило „Фиат панда“ со италијанска национална ознака, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Возачот А.Б. и сопатниците А.А. (25) и А.Т. (23), двајцата од с. Падалиште, биле пренесени во Медицински Центар Гостивар, каде кај возачот А.Б. е констатирана смрт, А.Т. бил префрлен во Ургентен центар Скопје.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.