На македонско-српската граница на граничниот премин Табановце биле уапсени тројца српски државјани откако било утврдено дека се обиделе да ја напуштат земјава со фалсификувани ПЦР тестови.

На 04.10.2021 во 05.35 часот на Граничен премин Табановце, на излез од Република Македонија, поради употреба на фалсификувани ПЦР тестови, биле приведени Ш.Н.(40), Љ.Ш.(34) и Ф.Ш.(43), сите од Република Србија – информираат од МВР.

Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.