Две момчиња на возраст од 18 години се повредени откако во нив удрил 22-годишник од Тетово кој возел „форд ескорт“ вчера околу 14 часот на улицата „Браќа Миладинови. Едното од момчињата било на велосипед, а другото одело пешки.

По приемот за лекарска помош во тетовската Клиничка болница биле задржани на лекување, соопшти СВР Тетово.

Оттаму информираат дека поради зголемениот број возила деновиве е засилено полициското присуство и сообраќајно-контролните активности на подрачјето и посебно во Тетово и Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.