Вчера попладне во Полициската станица Драчево, М.А. (53) од село Тисовица, скопско, вработен во ЈП „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ – Скопје, пријавил дека истиот ден во 14 часот во село Вражали, скопско, на место викано „Ракида“, при вршење на службени дејствија, тој и неговиот колега Р.Х. дале знак за запирање на патничко возило „Опел Фронтера“ без регистарски ознаки, но возачот не застанал и се обидел да ги удри со возилото, по што побегнал.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.