Вчеравечер во 21.00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, четирицикл „линај“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.М.(34) од Гостивар удрил во пешакот А.С.(83) од Гостивар.

Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

По овластување од Јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.