Две девојки се повредени откако синоќа околу 18.40 часот биле прегазени на бул.„Кочо Рацин“, пред крстосницата со ул.„Мирче Ацев“ во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје, удрило во пешаците А.З.(22) и С.Т.(21), двете од Скопје. Потоа А.П. со возилото го напуштил местото на несреќата, но подоцна сам се пријавил во полициска станица.

Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.