Две лица се здобиле со тешки повреди, а три со телесни по сообраќајна незгода што рано утрово се случила во струшкото село Драслајца.

СВР Охрид соопшти дека незгодата се случила утрово околу 4 часот, кога 25-годишниот Д.Н.од Струга, управувајќи патничко возило „БМВ” со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во железна ограда.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците И.С. (20) од село Драслајца и К.М. (25) од селото Мислешево. Тие биле пренесени во болницата во Струга. Со телесни повреди се здобиле возачот Д.Н. (25) и сопатниците А.К.( 18) и К.К. (19), двете од селото Мороишта, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Увид на местото извршила екипа од полициската станица во Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.