Синоќа околу во 20 часот се случила сообраќајна незгода на локалниот пат Кадино – Миладиновци, кај Кадински мост, во која патничко моторно возило „БМВ Х5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (45) година од Скопје, излетало надвор од коловоз и се превртело.

Со повреди се здобил С.Н., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.