На 21.07.2019 во 02.20 часот на бул.„Словенија“ во Скопје, Д.Н.(52) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Н. и сопатниците М.Д.(48) од Скопје и Н.С.(33) од Скопје, додека со полесни телесни повреди се здобила сопатничката Љ.Д.(46) од Скопје.

Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.