На 19.09.2021 во 19.50 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги затекнале и спречиле С.Р.(47) и А.Р. (23), двајцата од Куманово, да остварат илегален влез во Република Македонија од Косово со возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал С.Р..

При претрес во возилото била пронајдена разновидна стока за широка потрошувачка за која не поседувале никаква документација.

С.Р. бил лишен од слобода и заедно со возилото и одземената стока бил предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.