Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на Скопје се санкционирани 111 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.

Акциската контрола на МВР е спроведена во периодот од 14 до 20 часот. Двајца возачи возеле со брзина над 70 километри на час над дозволената, а 12 со брзина над 50 километри на час над дозволената.

Како што информираат од МВР, контролите на полицијата, продолжуваат и понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.