Со презентирање на снимките обезбедени од сведокот Орце Камчев, денеска треба да продолжи судењето за случајот “Рекет”.

На минатото рочиште беа презентирани докази кои произлегле од вештачењето на мобилниот телефон на обвинетиот Бојан Јовановски. Меѓу другото, беа прикажани и неколку фотографии и кратки видеа, на кои се гледа како поранешната специјална обвинителка Катица Јанева седи во својот дом, а на масата пред неа стои снопче пари, со банкноти од по 500 евра. Според обвинителството, во снопчето имало вкупно 50.000 евра.

Овие фотографии ги направил Јовановски.

На минатото рочиште Јовановски се жалеше дека поради здравствени причини не може да го следи рочиштето, но судењето продложи откако беше прегледан од лекарска екипа, која утврди дека нема пречки за да не остане во судница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.