За личен документ повеќе се чека во Скопје, но периодот на чекање веќе значајно се намалува, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето на „Утрински брифинг“.

То рече дека службите работат со продолжено работно време и за време на викендите, со цел граѓаните што поскоро да ги добијат своите пасоши, возачки дозволи и лични карти.

За споредба, минатата година во месец мај имавме пријави за околу 31.500 патни исправи и околу 42 илјади за пасоши во јуни. Сега просечно дневно се јавуваат околу три илјади граѓани и илјада се пријавуваат преку интернет страницата или во месец мај се закажани 65 000 термини за лични документи, а во јуни 66 000, кажа Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.