Како што информира, Тони Ангеловски, портпарол на МВР, од испукувањето нема повредени, а е причинета незначителна материјална штета.

Вработениот во МВР, со иницијали З.М., во просторијата што ја користи Агенцијата за национална безбедност, од службеното оружје, пиштол, испукал еден куршум во подот. Од испукувањето нема поврдени, а е причинета незначителна материјална штета. За случајот известен е јавен обвинител и е извршен увид на местото на настанот, соопшти Ангеловски.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Прилеп преземаат мерки за расчистувањето на настанот.

За овој настан постојат неофицијални информации дека, од една страна вработениот не бил задоволен од прераспределувањето, а од друга, испукувањето се случило ненамерно при раздолжувањето со службениот пиштол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.