Tри лица се повредени, меѓу кои и пешак, во сообраќајната несреќа што се случила вчера во 14.20 часот на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје, помеѓу патничко возило „дачиа сандеро“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(45) од Скопје и товарно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(39) од Скопје.

Во незгодата бил удрен и пешакот М.С.К.(28) од Скопје, кој се здобил со телесни повреди.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „дачиа сандеро“ А.Б.(60), а со телесни повреди, покрај пешакот се здобила возачот и И.Ј., сопатничка од истото возило М.Б.(49), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.