Освен што беше сабота, вчера беше и славата Свети Ѓорѓија, а дека славите почнуваат да го земаат данокот, се гледа и по бројот на пијани возачи кои не им избегале на радарите на МВР. Двесте и три возачи се санкционирани на територијата на целата земја од синоќа до рано изутринава во периодот од 22:00 до 04:00 часот поради присуство на алкохол во крвта.

Во спроведената републичка акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возила под дејство на алкохол учествуваа одделенијата за безбедност на патниот сообраќај во сите сектори за внатрешни работи и мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Министерството за внатрешни работи.

Откриени се и 213 останати прекршоци за кои се издадени соодветни санкции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.