Жител на селото Градец-гостиварско бил повикан на разговор во полициска станица откако бил пријавен дека пукал од пиштол пред штаб на политичка партија во селото Неготино-Полошко.

Од СВР Тетово информираат дека, вчеравечер околу 21 часот и 30 минути во Полициска станица Гостивар повикан е Е.Ј.(44) од гостиварски Градец. Тој претходно бил пријавен дека вечерта на 17 октомври околу 21 часот со огнено оружје пукал на прослава пред штаб на политичка партија во Неготино-Полошко.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. На посоченото место се пронајдени и подигнати за вештачење две празни чаури, а од Е.Ј. одземен е, исто така, за вештачење и пиштол што го поседувал со дозвола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.