Скопските пожарникари спасија едно лице откако пожар избувна во неговата семејна куќа во населбата Радишани. Командантот на Противпожарната единица на Град Скопје, Владимир Симоновски во изјава за МИА информира дека интервенирале со четири возила и 15 пожарникари.

За пожарот, Противпожарната единица на Град Скопје информираше и на својата официјална фејсбук-страна.

Пожар на ул. „Скоевска“, Радишани. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната бригада, пожарот за брзо време беше локализиран,и изгаснат, спасено беше лицето кое беше во куќата. Нема повредени во настанот, се вели во објавата на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.