Вчера вечерта во во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓурчин Кокале”, патничко возило „мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(35) од Скопје, удрило во неколку паркирани патнички возила – „фиат пунто” со скопски регистарски ознаки, пренесува МВР.

Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во клиниката „Мајка Тереза”.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.