Четириесет и петгодишнот П.И. од с.Драчевица, скопско, вчера во СВР Скопје пријавил дека го пронашол неговиот братучед С.И.(54) усмртен со удари од секира.

Според пријавеното, тој претходно ја видел Ф.И.(51), сопруга на С.И., како со секира во рака излегува од куќата на нејзиниот сопруг.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и во куќата на нејзините родители ја пронашле Ф.И.. Таа била лишена од слобода и задржана во Полициската станица Кисела Вода.

По наредба на Јавен обвинител телото на С.И. е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.