Вчера околу 15 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Штип во близина на надвозник за исклучок Кочани, М.В. (38) од Скопје управувајќи патничко моторно возило “oпел aнтара“ со скопски регистарски ознаки изгубила контрола над истото и удрила во метална заштитна ограда.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.В. (30) од Скопје која била пренесена во клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.