Вчера во 12.15 часот било пријавено дека во Скопје на паркинг простор на ул.„Трифун Хаџијанев“, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во пешак М.Ј. од Скопје.

По незгодата, возачот ја пренел М.Ј. во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.