Скопјанка е тешко повредена откако паднала во отворена шахта оставена на гробиштата Камник.

Случајот во СВР Скопје, вчера го пријавил нејзиниот сопруг В.С., според кој додека со сопругата Г.С.(50) се движеле по улица во кругот на гробиштата Камник, таа паднала во отворена шахта и се здобила со тешки телесни повреди.

Г.С. била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.