На 28 март 2020 во 16.30 часот на крстосницата на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ со ул.„Никола Карев“ во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје била лишена од слобода В.И.(53) од Скопје, поради непочитување на забраната за движење во време на „полициски час“ и нарушување на јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници при вршење на службени дејства.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.13 од ЗППЈРМ, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.