Во село Долно Соње, општина Сопиште, на 14 октомври 2021 во 16.10 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги ја лишиле од слобода А.В.М.(46) од Скопје која се барала со потерница за издржување затворска казна, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.