Вчера во 13.00 часот полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје, во Градскиот парк ги лишиле од слобода Х.П.(21) и Ф.К.(23), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

После тоа, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Х.П.(21) во населба Радишани, при што била пронајдена и одземена марихуана, семки од марихуана и дигитална вага.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.