МВР информира дека вчера во 15.50 часот во струмичкото село Баница, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Е.Х. (32).

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд – Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.