Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 30 – годишен жител на Скопје, на 07 август во домот во кој престојувал на ул. „Киро Крстевски-Платник“, општина Центар, неовластено држел наркотична дрога – марихуана во две полиетиленски кесички со вкупна нето маса од 52,48 грама, зипер кесичка со искршени и соголени гранчиња од растението канабис со вкупна нето маса од 9,34 грама, 13 семки канабис, како и четири парчиња од искршена таблета со активна компонента „бупренорфин“. При претресот, од страна на овластени службени лица била одземена и една дигитална вага со остатоци од марихуана.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог со кој побара на лицето да му биде продолжена претходно определената мерка притвор, ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат на реална опасност обвинетиот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело кое му се става на товар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.