Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Денеска, осомничениот 38-годишен скопјанец, во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и 6 од албанско производство. Куршумите со калибар 7,62 Х 39 биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.