Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино, поднесе кривична пријава против Д.Б. (40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и навлегување во компјутерски систем“.

На 19.06.2019 година во Неготино, во просторија од приватна фирма, пријавениот одзел паричници на две вработени, во кои имало парични средства и електронски картици. Истиот ден ги употребил електронските картици и направил 13 трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.