Патнички автомобил „голф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(19) од Скопје изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Несреќата, информираат од МВР, се случила вчера на автопатот „Миладиновци-Штип“, кај клучка за с.Преод во 16:10 часот.

-Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди, а сопатникот А.С.(19) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Свети Николе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.