Ноќеска околу 02 часот во СВР Скопје, А.П. пријавил дека во угостителски објект во Горно Лисиче, Д.Д. (26) од Скопје му се заканувал со пиштол.

Исто така, според пријавата, А.П. со негови пријатели успеале да му го одземат пиштолот и да го задржат Д.Д. до доаѓањето на полиција. Лицето било приведено и предадено во Полициска станица Аеродром, а пиштолот бил одземен.

По целосно документирање на случајот против Д.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.