Полицајци вчера на автопатот Тетово-Гостивар привеле жител на Скопје поради агресивност, откако претходно го запреле за да му укажат дека сторил сообраќаен прекршок. Настанот се случил околу 12 часот и 30 минути.

Полицајци при СВР Тетово го привеле 37-годишниот скопјанец Г.Н., кој во близина на клучката за тетовско Горно Седларце, управувајќи патничко моторно возило „крајслер“ со скопски регистарски ознаки направил сообраќаен прекршок, а откако бил запрен, агресивно се однесувал кон полициските службеници, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Приведениот бил задржан во полициска станица во Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.