На 11.07.2020 во 15.00 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Методија Митевски“, патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(38) од Скопје, удрило во петгодишен пешак од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.