Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 9 ноември во неговиот дом, започнал да консумира алкохол, по што се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка. Оштетената се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од осомничениот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство, можност осомниченниот да влијае врз сведокот/оштетената и можност тој да го повтори делото.​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.