Скопската полиција во претпладневните часови на 15 август добила пријава дека во угостителски објект на улицата „Втора македонска бригада“, 32-годишен скопјанец со остар предмет се заканувал на вработениот и на гостите.

Според пријавеното, 55-годишен скопјанец, гостин во објектот, се обидел да го запре насилникот, но бил нападнат со остар предмет од друг гостин, при што се здобил со тешка повреда и веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.