Скопјанец бил пронајден мртво во скопската населба Чаир. Според билтенот на МВР настанот се случил вчера утро, околу 8 часот и 30 минути.

На 23.03.2021 во 08.30 часот во СВР Скопје од Итна медициска помош е пријавено дека на ул.„Џон Кенеди” во Скопје бил пронајден починат М.Л.(42) од Скопје. Од лекар од Итна медициска помош била констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје – велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.