Од слобода вчера е лишен Ф.А.(31) од Скопје, откако полицијата при контрола во возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, пронашла тројца мигранти од Куба.
Во 21.10 часот синоќа на наплатна рампа „Смоквица“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ф.А. (31) од Скопје.
При контрола во возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица – мигранти од Куба – Д.Х.А.А. (31), М.Р.Ј.А. (25) и И.Ц.В.А. (27). Лицата биле предадени во полициска станица за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.