54-годишен скопјанец бил погоден со куршум во ногата додека излегувал од својот автомобил.

Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, од приватна болница било пријавено дека кај нив со повреда на ногата бил донесен Ј.Е.(54) од Скопје. Во разговор со полициски службеници Ј.Е. изјавил дека, додека излегувал од својот автомобил, бил погоден од проектил, се вели во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.