Во текот на вчерашниот ден во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул. „Никола Русински“, сопственост на П.П. (73) од Скопје, имало починато лице.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за А.Г. (36) од Скопје. Според пријавеното, на А.Г. му се слошило додека бил со М. (36) и М.Д. (35).

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.