Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во селото Ајватовци додека Ѓ.С.(73) од Скопје извршувал градежни работи на кров од куќа која е во сопственост на М.С.(72), паднал од кровот, при што починал на лице место.

Од МВР сопштија дека од итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Скопје и известен е трудов инспектор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.