Млад скопјанец бил ограбен, претепан и прободен со нож во ногата, во подрачјето на Центар.

– На 06.05.2021 во 02.30 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(25) пријавил дека на 05.05.2021 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица, кои се обиделе да му одземат пари, пренесуваат од полиција.

Според пријавеното, едно од лицата со остар предмет му нанело повреда на ногата.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.